Средба на Заев со Давутоглу: Македонија е успешна приказна, таа е клучен фактор за стабилноста на Балканот

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник, Ахмет Давутоглу.

Поранешниот турски премиер и актуелен пратеник Давутоглу му честиташе на премиерот Заев за стапувањето на должноста претседател на Владата на Република Македонија и за неговата, како што рече, „рационалност за изнаоѓање мирно и стабилно решение за политичката криза“, што резултираше со формирањето на новата реформска Влада.

– Владата на Република Македонија е определена кон реформски процес значаен за квалитетен живот на граѓаните на Република Македонија, како и за интеграциите на Македонија во ЕУ и во НАТО. Градиме политики на доверба во нашата држава, како и пријателства со соседите и на меѓународен план и очекуваме дека со сериозноста со којашто придонесуваме во демократските процеси во Македонија и пошироко, ги отвораме вратите на Македонија кон ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев.

На средбата заеднички беше констатирано дека членството на Република Македонија во НАТО ќе значи дополнителна стабилност на државата и отворање можности за инвеститорите, што ќе придонесе кон зголемување на стандардот на граѓаните и за раст на економијата во Македонија.

Се разговараше и за зголемениот интерес на турски бизнисмени за инвестирање во Македонија.

– Република Македонија веќе е успешна приказна, бидејки прогресот е видлив, државата е клучен фактор за стабилноста на Балканот и продолжете да работите со енергичната посветеност на реформите, вашата иднина е во НАТО“, порача поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник, Давутоглу.

Премиерот Заев рече дека пријателството помеѓу Република Македонија и Република Турција ќе продолжи да се развива низ демократски дух во економијата и во сите области значајни за граѓаните на двете земји.

Би можело да ве интересира

Турски инфлуенсер e ставен на црна листа на авиокомпанија откако запали цигара во авион

А1он

Чистка во Анкара: Ердоган ги смени клучните министри

Турција разби шпионска мрежа, уапсени шест лица

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт

Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови