Средба на Заев со амбасадорот на Косово

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хиса.

Се разговараше за актуелната политичка криза во Македонија и за конфликтот што се случи Куманово.

Во врска со политичката ситуација, разменети беа детали околу неуспешноста на преговорите и очекувањата од доаѓањата на помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд и еврокомесарот за прошитување, Јоханес Хан.

-Евентуални предлози од меѓународните претставници што се приближни на ставовите на СДСМ, а со коишто се овозможува опозицијата да биде гарант на враќање на демократските институции и организирање фер и демократски избори се вредни за размислување, рече претседателот Заев.

На средбата беа разменети информации помеѓу претседателот на СДСМ, Заев и амбасадорот на Р.Косово, Хиса за конфликтот во Куманово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски