Средба на Заев и Шекеринска со германската амбасадорка, Гудрун Штајнакер

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката, Радмила Шекеринска, се сретнаа со амбасадорката на Република Германија во Република Македонија, Гудрун Штајнакер.

Изразена е заедничка загриженост за последните случувања во Македонија.

На средбата беше истакнато значењето на воздржување од насилство и потребата од одговорност.

Постои согласност дека партнерите во власта се најповикани за смирување на создадените тензии.

На состанокот се разговараше и за повеќегодишното отсуство на капацитети за функционирање на институциите во Македонија според европските стандарди, како слободна и демократска земја, како и за економските проблеми со коишто се соочуваат државава и граѓаните.

Германската амбасадорка, Штајнакер, рече дека меѓународната заедница е свесна за слабостите на институциите на системот, што се закануваат на европската перспектива на Македонија и порача дека посакува да види чекори во скоро време што ќе ја водат Македонија во вистинската насока.

Претседателот Заев нагласи дека Социјалдемократскиот сојуз, како најголема опозициска партија, прави и ќе направи се што е во моќ на партијата за нормализирање на процесите во државата. Тој ги објасни 5-те предлози на СДСМ и коалициските партнери за излез од политичката криза: поделба на државата од партијата, регулацијата на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и останатите медиуми, јасно презицирање на Избирачкиот список и изборното законодавство, спроведување попис и пред се договор за формирање техничка влада што ќе го гарантира спроведувањето на сето ова и организирањето слободни, фер и демократски избори.

Амбасадорката Штајнакер, во прошталната посета, му подари, за спомен, на претседателот Заев, ЦД со стара германска музика.

Претседателот Зоран Заев се заблагодари за успешната соработка со германската амбасадорка Гудрун Штајнакер, оценувајќи ја нејзината активност како работа на добар пријател на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот