Средба на вицепремиерот Бесими со германскиот амбасадор Штајнакер

Од:

Активностите поврзани со процесот на евроинтеграција кои се преземаат во Република Македонија, особено во делот на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) биле тема на денешната средба на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими со амбасадорот на Германија во Република Македонија Гудрун Штајнакер.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, за време на средбата Бесими посебно се осврна на имплементацијата на активностите во делот на клучните приоритети опфатени со ПДВН.

Соговорниците разговараа за соработката меѓу двете земји при што заменик претседателот на Владата Бесими истакна дека соработката и билатералната поддршка преку развојните програми на Германија е од исклучителна важност за Република Македонија. Во тој контекст, вицепремиерот Бесими ја истакна неговата посветеност и подготвеност за натамошно продолжување на соработката во насока на поддршка за Република Македонија на патот кон ЕУ, врз принципот на партнерство, отвореност и конструктивност, стои во соопштението.

Амбасадорот Штајнакер од своја страна нагласи дека Германија го поддржува членството на Република Македонија во евро-атлантските структури и изрази надеж дека Пристапниот дијалог ќе придонесе за понатамошно приближување на Македонија кон европските стандарди.

Двајцата го потенцираа и значењето за Република Македонија во овој период да покаже напредок кон започнувањето на преговорите со ЕУ и унапредувањето на реформите со цел остварувањето на стратешките цели на државата, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната