Средба на вицепремиерот Анѓушев со австриската амбасадорка Коблер

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев се сретна со амбасадорката на Република Австрија Ренате Коблер, со која, како што информираат, разговарале за економската соработка меѓу двете земји.

Вкупните инвестиции од компании од Австрија се над 510 милиони евра, втора земја по обем во поглед на странските инвестиции, а во моментов во Македонија активно работат педесетина австриски компании.

Анѓушев, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека инвеститорите од странство, вклучително и оние од Република Австрија, ќе имаат искрен и отворен партнер во Владата.

– Странските компании кои веќе имаат инвестирано во земјата треба да се чувствуваат слободни да продолжат со своите развојни активности. Владата ќе продолжи да привлекува и нови инвеститори, а преку поддршка на домашните компании, ќе гледаме соработката помеѓу домашните и странските компании да ја подигнеме на повисоко ниво, со што бенефит ќе имаат и компаниите, но и економијата на земјата, изјавил Анѓушев.

Соговорниците заклучиле дека економската соработка ќе продолжи да се развива и во иднина и дека се очекуваат уште подобри економски резултати. Двајцата го поздравиле континуираниот раст на меѓусебната трговска размена од 2006 година.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Надворешното претставување да биде во рацете на професионални дипломати

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер