Средба на Вељаноски со претседателот на Ирска Хигинс

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, во рамките на официјалната дводневна посета на Ирска, која во моментов претседава со Европската унија, оствари средби со претседателот на Ирска Мајкл Д. Хигинс, министерот за европски прашања Лусинда Креитон, и со Заедничката комисија за европски прашања и со Ирско-македонската група за пријателство.

Вељаноски заедно со пратениците во текот на вчерашниот ден присуствуваше на седница на Претставничкиот дом на Ирска – Даил, како и на седница на Ирскиот сенат.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, на средбата со претседателот на Ирска Мајкл Д. Хигинс, беа истакнати одличните пријателски односи меѓу Република Македонија и Ирска без отворени прашања кои се карактеризираат со поголема динамика од претходно. Стана збор за актуелните евроинтегративни процеси низ кои минува Република Македонија, како и за спорот со нашиот јужен сосед кој се води под покровителство на Обединети нации. Вељаноски и се заблагодари на Ирска која во билатералната комуникација ни се обраќа со уставното име.

Претседателот на Собранието Вељаноски на средбата со министерот за европски прашања Лусинда Креитон, искажа задоволство од досегашната поддршка која ја добива Македонија од Ирска, особено затоа што и двете мали европски земји имаат заеднички точки низ историскиот пат кој го поминале.

На средбата, како што се наведува, стана збор за повеќе актуелни прашања, а особено за нивото на поддршката на евроинтегративниот процес по неколкуте позитивни извештаи за напредокот на Македонија, после кои и понатаму нема датум за почеток на преговорите со Европската унија, како и за степенот на меѓупартиската соработка во контекст на евроинтегративниот процес.

Претседателот на Собранието Вељаноски на средбата со Заедничката комисија за европски прашања и со Ирско-македонската група за пријателство, изрази задоволство од соработката меѓу Македонија и Ирска во контекст на приближувањето на нашата земја кон ЕУ. Тој искажа задоволство за принципиелниот позитивен став во однос на проширувањето на ЕУ, како и за целосната поддршка на Република Македонија да го заокружи процесот токму во Даблин, каде што за време на претходното претседавање со ЕУ во првата половина на 2004 година, беше предадена нашата апликација за членство во Европската унија.

На средбата со Заедничката комисија за европски прашања особено се покажа интерес за добрососедската политика на Република Македонија, а членовите на комисијата поставија повеќе прашања од областа на економијата, невработеноста и други социјални прашања. Од страна на членовите на двете комисии беа истакнати придобивките кои Ирска ги има од членството во Европската унија.

Вчера, Вељаноски имаше средба со домаќинот, претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска Шон Берет.

Во состав на делегацијата од Собранието предводена од претседателот Вељаноски, се и пратениците членови на Групата за пријателство со Република Ирска Александар Николоски, Неџати Јакупи и Панче Орцев.

Би можело да ве интересира

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски