Средба на Спасовски со верските поглавари: МВР ќе спречи секаков вид на верска омраза и екстремизам

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со поглаварите на верските заедници: г.г. Стефан- поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, Хаџи Сулејман еф. Реџепи-поглавар на Исламската верска заедница, Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов, Емил Заев, претседател на Евангелско – методистичката црква и Берта
Романо- Николиќ, претседател на Еврејската заедница на Македонија.

Претставниците на верските заедници се заблагодарија на иницијативата на министерот Спасовски за одржување на ваква средба, потенцирајќи дека ова е прва ваква средба со министер за внатрешни работи и дека средби од ваков тип се потребни и во иднина за да се реагира заеднички при евентуалните обиди за злоупотреба на религијата.

На средбата беше нагласено дека верската толеранција и почитувањето на различностите се основни принципи што треба да се негуваат во едно мултикултурно и мултиконфесионално општество како нашето. Лидерите на верските заедници најостро ги осудија сите обиди за создавање на нетрпеливост или верска омраза меѓу граѓаните, притоа имајќи ги предвид неодамнешните настани како сквернавењето на гробиштата во скопското село Љуботен и злоупотребата на децата во приватна установа за
згрижување на деца во Скопје.

Како што соопшти МВР, Спасовски информирал дека полицијата, во рамки на своите законски надлежности, безусловно ќе ги спречи сите обиди за поттикнување на верска омраза и нетрпеливост, спротиставувајќи се на сите облици на екстремизам. Тој ги информираше поглаварите на верските заедници дека интензивно се работи на расчистување на случаите кои ја вознемирија јавноста и дека граѓаните ќе бидат соодветно информирани за тоа. Истовремено Спасовски потенцираше дека МВР останува отворена за секаква иницијатива, соработка или заеднички активности во областа на превентивното делување.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски