Средба на Спасовски со кандидатите за полициски службеници кои не се ангажирани во МВР

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, на нивно барање, се сретна со претставници на 34 кандидати за полициски службеници кои ја поминаа соодветната обука во класата 2015/16, но не се ангажирани во МВР.

Како што соопшти МВР, Спасовски им соопштил дека целосно стои зад нивните барања и оти ја имаат неговата поддршка за ангажирање во МВР, но, потенцирал, за тоа да се реализира потребна е согласност и од Министерството за финансии.

– Уште еднаш ќе го доставам барањето до Министерството за финансии, а ќе доставам барање и за 54 кандидати од последната обука, кои исто така не се ангажирани. Веднаш штом добиеме согласност од министерот за финансии, ќе бидете ангажирани, рекол министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ