Средба на Санино со лидерот на СДСМ, Црвенковски

Од:

Директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино денеска во рамки на неговата посета на Македонија се сретна со претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски.

На средбата, Санино бил запознаен со ставовите на опозицијата во врска со актуелната политичка криза во земјата по настаните на 24 декември.

Двете страни, како што информира СДСМ, размениле мислење за укинувањето на институционалната политичка дебата, прекршувањето на Уставот и законите, како и непостапувањето согласно собранискиот Деловник и процедурите.

Со делегацијата на Европската комисија било разговарано за отстранувањето на новинарите и опозициските пратеници од законодавниот дом, а Санино бил запознаен дека е нереално да се очекува во ваква ситуација, опозицијата да се врати во Собранието.

Потенциран бил ставот на „Сојузот за иднината“ дека би било крајно штетно за државата да се занемарува постоењето на политичката криза, а како што се наведува во соопштението, особено била изразена загриженост за фактот што власт која ги злоупотребува институциите при донесување на Буџет, ниту може, ниту сака да организира слободни и фер избори.

На претставникот од ЕУ му бил презентиран планот за излез од политичката криза преку слободни и и фер предвремни парламентарни избори. Делегацијата на Европската комисија била запознаена дека опозицијата останува доследна на своите принципиелни цели за враќање на демократијата, за што се подготвени да постигнат политички договор.

На средбата заеднички се реафирмирани заложбите на СДСМ за целосна евроатланска интеграција на Република Македонија, при што од страна на опозицијата е потенцирано дека приоритет во овој процес е почитувањето и одбраната на основните европски вредности, како демократијата и владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?