Средба на регулаторните тела за медиуми на Македонија и на БиХ

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) вчера и денеска беше домаќин на претставниците на Регулаторната агенција за комуникации на Босна и Херцеговина.

Надлежностите, начинот на доделување дозволи и надоместоците за дозволи за емитување, процесот на регулација на аудиовизуелни медиумски услуги на барање, промените на сопственичката структура, утврдување недозволена медиумска концентрација, биле дел од темите на средбата помеѓу двете регулаторни тела.

Од АВМУ соопштуваат и дека биле разменети искуства за спроведување на правилата за аудиовизуелни комерцијални комуникации во делот на пласирање производи и спонзорствo, активностите и мерките за обезбедување пристап до програмите на лицата со сетилна попреченост, како и за стандардите за прикажување малолетници во вести и за нивно учество во други програми. Посебно внимание е посветено и на искуства во поглед на регулативата и начинот на реализација на мониторингот на медиумските содржини за време на изборни процеси.

Регулаторните тела на двете држави, според соопштението, на наредната средба што ќе се одржи наесен ќе потпишат меморандум за соработка.

Би можело да ве интересира

Во Бања Лука се уништени повеќе од 1.500 парчиња оружје

А1он

Земјотрес со јачина од 3,5 степени ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Снег во Србија и во БиХ

Голдшмит: Босна и Херцеговина дефинитивно не е подготвена да биде вклучена во ЕУ

Кос: БиХ ќе се ослободи од странците кога ќе влезе во ЕУ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Босанскиот коментарот Един Авдиќ во наплив на емоции по пласманот на БиХ во нокаут фаза на Евробаскет

А1он