Средба на раководството на СДСМ со Жан Ерик Пакет

Од:

Актуелната политичка ситуација во Македонија и кулминацијата на проблемите во повеќе области од општественото живеење беа теми на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар, Оливер Спасовски, со директорот за Западен Балкан во Европската комисија, Жан Ерик Пакет, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Р. Македонија, Аиво Орав.

Посебно стана збор за недостигот од демократски капацитет за решавање на отворените прашања во земјава низ дијалог, како и за лошите состојби во медиумите и во судството.

Претседателот Заев, рече дека сите активности на опозицијата во соработка со граѓаните, се посветени кон враќање на Македонија во вистинскиот правец, како слободна и демократска држава, дел од европското семејство.

-СДСМ останува цврсто на ставот дека 5-те теми за разговор што ги предложија Социјалдемократскиот сојуз и опозицијата се начин за излез од политичката криза по нерегуларните избори, за што СДСМ целосно ја има поддршката и од граѓаните и од членството, соопшти претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он