Средба на раководството на СДСМ со Илир Мета

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска, во Скопје, оствари средба со Претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета.

На средбата се разговарше за актуелните случувања во регионот и проблемите со коишто се соочуваат земјите на нивниот евроинтеграциски пат.

Претседателот Зоран Заев и Претседателот на албанското Собрание, Илир Мета, разменија мислења за продлабочување на политичката и економската соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија.

Zaev, sredba

Во таа насока беше договорена посета на Илир Мета, придружуван од бизнис делегација од Република Албанија, на Струмица, на којашто би се разгледале можностите за дополнителен развој на односите во областа на земјоделството.

Взаемно беше изразена подготвеност и за продлабочување на партиската соработката помеѓу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Движењето за социјалистичка интеграција.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он