Средба на работната група за имплементацијата на препораките од Извештајот на Комисијата за 24 декември

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска се одржа втората средба на работната група која треба да ги имплементира 11-те препораки од Извештајот за 24 декември во и пред Собранието, на која доминираа дискусиите околку измената на Деловникот и Законот за буџет.

– Ќе фокусираме на новата процедура за донесување на буџет до почетокот на октомври, но во исто време и на ревизија на деловникот. За нас е прифатливо да има тромесечна ефикасна организирана дебата за буџетот, но притоа таа да овозможи сериозно и вистинско, а не само про-форма учество на опозицијата, изјави по средбата Игор Ивановски од СДСМ.

Според Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ можно е да се постигне согласност по одредени прашања со, како што рече, позитивна енергија и барање за системско решение.

– Со малку повеќе позитивна енергија и и растоварување на погледот кон Парламентот во смисла кој е сега власт, кој е опозиција, со еден посериозен пристап за системско надминување мислам дека можат да се имплементираат препораките кои ќе гарантираат системско решавање на критичните точки каде настанаа конфликтите минатата година, рече Димовски.

Од СДСМ побараа ДПА да се врати во работната група за поефикасна дебата. Во спротивно, побараа тие, празното место да се пополни со некоја друга опозициска парлементарна партија, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо бидејќи, како што рекоа, местото е на ДПА.

Работната група што треба да ги имплементира препораките од извештајот на комисијата за случувањата од 24 декември лани, е формирана на 29 август.

За претседател на Работната група е избран Илија Димовски кој воедно е и член од ВМРО-ДПМНЕ покрај Благородна Дулиќ, а членови од СДСМ се Игор Ивановски и Цветанка Иванова. Претставник од ДУИ е биде координаторот Неџати Јакупи.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов