Средба на претставници на НВО „Веритас“ со Шехтански

Од:

Претставници од граѓанската иницијатива „Веритас“ се сретнаа со директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански и побарале да се преиспита одлуката која евентуално денеска ќе биде донесена на седницата на Советот на општина Центар.

– Нашата цел е постигната. И покрај обврската на Државниот инспекторат да го прави тоа што ние го побаравме, добивме уверување од директорот дека ќе постапи онака како што му налага неговата функција. Денеска ги мобилизиравме и државните институции, а исто така бараме поддршка и од редовите на црквата, изјави Сузана Миновска од „Веритас“.

Таа изрази благодарност до сите оние кои ги поддржале протестите.

– Ќе ја браниме црквата, ако ја донесе одлуката и ако не ги чека одлуките на Државниот инспекторат за локална самоуправа, изјави Соња Зашевска.

Одржувањето на протестите на граѓанската иницијатива „Веритас“ за продолжување на изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“, како што информираат од „Веритас“ ќе зависат од одлуката на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и од државните институции.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец