Средба на претседателот Заев со кинеската амбасадорка: Македонија ќе добие нова реформска Влада!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев претпладнето се сретна со новата амбасадорка на НР Кина во Р.Македонија, Лин Лисјен.

На средбата е поздравена традиционално добрата соработка помеѓу Р.Македонија и НР Кина и се потврдени определбите и од страна на амбасадорката на Кина и од страна на претседателот Заев за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Претседателот на СДСМ ја информираше кинеската амбасадорка за актуелните политички настани во Македонија и очекувањето Ѓорге Иванов во најскоро време да му го додели мандатот за состав на новата Влада на Р.Македонија.

-Идната Влада на Македонија ќе биде реформска. Подготвени сме да ги спроведеме сите неопходни реформи поврзани со економски напредок на граѓаните и на државата, како и за обезбедување независни институции, целосно независно судство, независни медиуми. Квалитетен живот за сите граѓани и отворање перспективи за напредок и развој на Македонија се нашите цели, рече претседателот Заев.

На средбата е оценета како исклучително позитивна поддршката на мнозинството граѓани на изборите, на концептот на заедништво во Македонија, бидејки, како што е констатирано, само сплотеноста, а не поделбите носат добра иднина за сите граѓани и за Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?