Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора

Од:

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи задоволство од негувањето на традиционалното партнерство и пријателство меѓу двете држави.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски и Милатовиќ оцениле дека Северна Македонија и Црна Гора, како сојузници во НАТО и земји со стратешка определба за членство во ЕУ, споделуваат исти вредности, притоа нагласувајќи ја потребата од засилена регионална соработка, како клучен предуслов за одржување на стабилноста и поголем економски просперитет на земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

Сиљановска Давкова со забелешка за новата еврокомесарка за дикцијата во однос на очекувањата за уставни измени

А1он

Загрозена е безбедноста на црногорскиот претседателот Јаков Милатовиќ

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи