Претседателот на Движењето Беса Билал Касами во придружба на потпретседателот Кастриот Реџепи, денеска оствари пријателска средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, неговата екселенција господин Чарлс Герет.
Во средбата се разговараше за политичките процеси во нашата земја, за улогата на Движењето Беса во давање на подршка за реформите кои се предуслов за интеграција на Република Македонија во НАТО како и за почетокот на преговорите за приклучување кон ЕУ.
Претседателот Касами на овој состанок го искажа својот став околу спорот со името со Р.Грција, наведувајќи дека оваа е еден од клучните периоди во последните 20 години оваа прашање да се реши и Република Македонија и формално да стане полноправна членка на НАТО затоашто оваа е единствена алтернатива која што ни носи просперитет , безбедност и економски развој.
Двете страни се согласија да одличната комуникација која постои помеѓу Движењето Беса и Обединетото Кралство да продожи и во иднина ставајќиа се во функција на приближување до западните вредности и стратешката подршка која ни се пружи како Република Македонија од страна на Обединетото Кралство.