Средба на претседателот на Собранието Џафери со амбасадорите од ЕУ

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше работна средба со амбасадорите на земјите- членки на ЕУ на која, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил благодарност за поддршката на неговиот избор.

На средбата, според соопштението, тој подвлекол дека останува на својата лична определба да биде претседател на сите граѓани и на сите пратеници, почитувајќи го Уставот и Деловникот на Собранието.

– Амбасадорот на ЕУ, Самоил Жбогар, поздравувајќи ја посетата на Џафери на Брисел и средбите со високите претставници на ЕУ, истакна дека ЕУ очекува брзо да дојде до формирање на новата влада, а потоа, заедно со Собранието и другите државни институции, Република Македонија да се врати на евроатлантските процеси кои подразбираат продолжување на реформите, стои во соопштението.

Повеќе амбасадори, како што се наведува во соопштението, поставија конкретни прашања во врска со приоритетите во работењето на Собранието, односот позиција-опозиција, отвореноста на Собранието кон граѓаните и јавноста и подготвеноста за продлабочување на соработката со организациите на граѓанското општество.

– Претседателот Џафери, истакна дека приоритет е секако изборот на новата Влада, при што очекува претседателот на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов, да го почитува Уставот, бидејќи станува збор за институционални обврски, а не е прашање на лична волја. Следните чекори во работата на Собранието ќе бидат во контекст на формирањето на собраниските комисии, бидејќи тоа е предуслов за да се распишат локалните избори. За итноста и сериозноста на ова прашање се известени лидерите на парламентарните партии, и штом ќе биде постигнат договор, веднаш ќе биде свикана седница на Собранието, се наведува во соопштението.

Осврнувајќи се на очекувањата на домашната и меѓународната јавност за потребата на враќање на кредибилитетот на Собранието, претседателот Џафери, стои во текстот, истакна дека тој лично ќе се заложи таа перцепција да се промени.

– Секако, тоа не може да се случи преку ноќ и, покрај личната заложба, потребен е активен ангажман на сите 120 пратеници. Инаку јас лично, и во оваа пригода, сакам да го повторам мојот став и уверување дека Собранието мора да биде максимално отворено и кооперативно со граѓаните, со невладиниот сектор и со медиумите, се посочува во соопштението од Кабинетот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ