Средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Од:

На иницијатива на ЗНМ денеска се одржа средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од советникот на претседателот за комуникации и креирање политики, Роберт Поповски, и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, придружуван од делегација на ЗНМ.

На средбата претседателот Заев го информираше претседателот на ЗНМ, Селмани, дека една од клучните темите за разговор, во рамки на политичкиот дијалог под покровителство на меѓународната заедница, се реформите во медиумите, коишто се услов за слободни, фер и регуларни избори.

При тоа, претседателот Заев укажа дека во оваа фаза на разговори ВМРО-ДПМНЕ се уште се противи на можните решенија што значат овозможување на медиумите слободно да ја извршуваат својата вистинска и значајна улога во општеството.

Од суштинско значење е да се овозможи АВМУ да ја извршува улогата на регулатор во медиумската сфера, а МРТВ да биде вистински јавен сервис во интерес на објективно, непристрасно и избалансирано информирање на граѓаните.

Заедничка оценка е дека без медиумски реформи, без слободни медиуми, нема услови за слобони, фер, демократски и регуларни избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?