Средба на претседателот на ДУИ со грчкиот амабасадор во Македонија

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска се сретна со амбасадорот на Република Грција во Македонија, Харис Лалакос.

Ахмети и Лалакос разговарале за последната посета на посредникот на ООН за прашањето со името при што, според соопштението од ДУИ, двете страни „се согласиле дека земјата  треба да се интегрира во НАТО и Европската унија, но за да се реализира таа стратешка цел, треба да се изнајде компромис со јужниот сосед за прашањето со името“.

– Претседателот Ахмети нагласи дека ДУИ придава голема важност на добрите меѓусоседски односи, интеграцискиот процес на Македонија во ЕУ и  НАТО, здравите меѓуетнички односи, Охридскиот договор и економскиот  развој.

– Во овој поглед, ДУИ се обидува да биде конструктивен субјект кон  решавање на отворените прашања со соседите и прави позитивна политика во  сооднос со стратешките приоритети на земјата за што е можно поскора  евроатлантска интеграција. Соговорниците се согласија да ја продолжат директната комуникација во правец на развивање на односите помеѓу двете страни, но и стабилноста на регионот на Северозападен Балкан, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски