Средба на претседателот Џафери со амбасадорката на Канада, Кетлин Чаба

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска, во неговиот кабинет, ја прими г-ѓа Кетлин Чаба, новоименуваната амбасадорка на Канада во Република Македонија, со седиште во Белград.

На средбата беше констатирано дека нема никакви отворени прашања меѓу двете пријателски земји. Стана збор за можностите за унапредување на севкупните односи меѓу Република Македонија и Канада, како и за интензивирање на контактите на парламентарно ниво, при што претседателот Џафери упати отворена покана до претседателот на канадскиот парламент. Во тој контекст, претседателот на Собранието изрази надеж дека набргу ќе дојде до потпишување на Декларацијата за соработка и стратешко партнерство со Канада. Истовремено, високо ја оцени поддршката што Канада ѝ ја дава на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ.

Амбасадорката Чаба со задоволство истакна дека Канада е меѓу првите земји што го честитале изборот за претседател на Собранието и потенцираше дека претседателот Џафери со неговата досегашна работа има придонесено многу во нормализацијата на функционирањето на институцијата.

Во продолжение, Чаба рече дека Канада силно ги подржува евроатланските аспирации на Република Македонија и со внимание ги следи реформите на внатрешен план што се прават во таа насока, меѓутоа ги поздравува и преземените активности за развој на добрососедската политика, како што беше потпишувањето и ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, и скорешното интензивирање на разговорите со Република Грција во правец на изнаоѓање на решение за името.

Високата гостинка се интересираше и за секојдневната работа на Собранието на Република Македонија и ставовите на претседателот по одредени актуелни прашања за државата и општеството. Заедничка констатација беше дека постигнувањето на стратешките приоритети на Република Македонија ќе бидат успех и позитивен импулс не само за земјава, туку и за целиот регион.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата