„Климатските промерни – мит или реална состојба“, беше темата на која денеска во Кочани разговараа преставници од Општината и Обласната администрација од Благоевград, Република Бугарија.
Се разменија искуства во рамки на прокетот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ финансиран од првиот повик на Интерег – ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија – Бугарија.
Пред присутните обраќања имаа градоначалникот Ратко Димитровски и управителот на регионалната облсана управа на Благоевград Бисер Михаилов. Двајцата ја истакнаа успешната соработка во реализирањерто на прокетот добиен преку Источниот плански регион.
Со проектот кој почна во Општина Кочани, се работи на административната зграда, на промена на нејзината енергетска класа од Д во класа Б. Изведувач е компанијата „Анoл импекс“ од Скопје, додека за надзор над објектот е надлежна „Студио Атриум“ од Штип.
Заклучно со декември 2017 година ќе се изврши промена на фасадата, комплетна промена на надворешните прозорци и врати, промена на кровната изолација на стариот објект, изградба на зелен кров на новата зграда како единствен репрезентативен примерок во регионот, поставување лифт и адаптација на тоалети за лица со физички хендикеп.
Според градоначалникот Ратко Димитровски, Општина Кочани паралелно ќе работи на замена на комплетната електрична инсталација и на надворешниот влез во зградата за што се обезбедени средства од сопствениот буџет.
Проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ е финансиран од Интерег ИПА – програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија. Центарот за развој на Источниот плански регион е водечки партнер во соработка со Обласната администрација Благоевград каде исто така ќе се врши реконструкција на обласната зграда. Вкупната вредност на проектот е 398.000 евра, а периодот на реализација е до октомври 2018 година.
Со проектот се промовираат соработка и нови иновативни практики во делот на заштита и зачувување на животната средина преку употреба на нови технологии и мерки, размена на искуства и најдобри практики помеѓу двата региона.