Средба на премиерот Груевски со Реј Мабус, секретар на Морнарицата на САД

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска имаше средба со секретарот на Морнарицата на Соединетите Американски Држави Реј Мабус, на која биле констатирани добри односи меѓу двете држави и стратешко пријателство со САД преку соработката во рамки на мировните мисии на НАТО.

– Премиерот Груевски ги истакна реформите кои ги презема Владата на Република Македонија за унапредување на стандардите за реализација на европските интеграции и членството во НАТО, кои претставуваат стратешка определба на нашата земја. Тој ги посочи и мерките и вложувањата кои се реализираат во сферата на Министерството за одбрана со цел да се одржи високото ниво и квалитетот на македонските мировници кои во континуитет учествуваат во мисиите на НАТО, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

Груевски истакнал дека Република Македонија е кредибилен партнер во исполнувањето на мировните мисии и особено придонесува во споделувањето на заедничките одговорности со земјите-членки на НАТО и дека  на тој план Македонија ја цени поддршката со која Соединетите Американски Држави придонесуваат во процесот на реформите и поддршката која ја добиваме во исполнување на НАТО стандардите.

– Секретарот на Морнарицата на САД, Реј Мабус позитивно ја оцени соработката на двете земји во рамките на НАТО, и особениот придонес кој Република Македонија го дава во рамките на меѓународните мировни мисии, и кој нашите мировници го имаат во активностите на НАТО Алијансата, соопшти  Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ.

Би можело да ве интересира

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Дигитален ѕид на НАТО се појави по должината на руската граница

Захарова: НАТО продолжува со милитаризацијата на Европа и подготовките за конфликт со Русија