А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Средба на пожарникари од Македонија и Франција

by А1он30/01/2013 - 15:43275
Share0

Пожарникари од Македонија и Франција во наредниот период заеднички ќе изведуваат специјални обуки, стручно усовршување и практични вежби со што ќе продолжи континуираната соработка меѓу Територијалната против пожарна единица од Битола со соодветните пожарникарски служби од збратимениот Епинал, но и други француски градови.

Добивај вести на вибер

На денешниот прием кај градоначалникот Владимир Талески, француските пожарникари посочија дека континуираната соработка со македонските пожарникари датира од 2007 година и била иницирана од нивната амбасада во Република Македонија.

– Пелагонискиот регион често се соочува со шумски пожари и затоа сакаме токму тука да ја пренесеме нашата техника и искуства. Досегашната соработка е на високо ниво, а покажува и резултати и затоа користиме добра основа за да продолжиме понатаму, истакна Лорен Крион, од француската асоција на пожарникари, кој воедно со своите соработници го посети опожарениот планинарски дом „Копанки“.

Градоначалникот Талески истакна дека Општина Битола со конкретни активности ги поддржува идеите и иницијативите на пожарникарите, а од пред неколку месеци формира и посебен Центар за обука на пожарникари.

– За нас од голема полза е француската стручна помош наменета за професионалците и за младите волонтери, но исто така и донираната опрема. Информиран сум дека наскоро од збратимениот град Епинал ќе пристигне нова донација, специјално пожарникарско возило за што одлука веќе донеле тамошните локални власти, истакна Талески.

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески на денешната средба со новинарите потврди дека го прифатил барањето на планинарското друштво „Пелистер“, сопственик на планинарскиот дом „Копанки“ заеднички и програмски да се помогне во санацијата и враќањето на планинарскиот дом на вљубениците на природата на Баба Планина.

bitolaбитола

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:4824/02/2026 - 13:09

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски07/02/2026 - 14:0007/02/2026 - 14:39

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Горан Наумовски04/02/2026 - 19:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен