Средба на Никола Груевски со Торстен Фрај

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оствари средба со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на ЦДУ и член на комисијата за надворешни работи на германскиот парламент.

Торстен Фрај е германски политичар од владејачката коалиција ЦДУ/ЦСУ, Торстен од 2013-та година е пратеник во германскиот Бундестаг, каде што моментално е член на Комисијата за надворешни работи во Бундестагот, член на Комисијата за односи со ЕУ и член на парламентарната група за пријателство и врски со земјите од Југоисточна Европа. Пред тоа ја извршува функцијата градоначалник на градот Donaueschingen, во германската покраина Баден Виртенберг.

На средбата стана збор за претстојните парламентарни избори, како и надминувањето на политичката криза. Груевски истакна дека се исполнети сите услови за одржување на изборите и дека тие се излезот во насока на надминување на кризата. Груевски истакна дека граѓаните ќе имаат можност да одлучат за иднината на државата и да се определат меѓу концептот на градење и проекти, и концептот на создавање на кризи и деструкција застапуван од опозицијата.

Исто така, на средбата стана збор за македонско – германските односи, особено за зголемениот број на германски инвестиции и нови фабики во Македонија, вклучително и евро – атлантските интеграции кои преставуваат наша заедничка стратешка цел.

ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ како сестрински партии се долгогодишни партнери во рамките на Европската народна партија (ЕНП), со постојана соработка на билатерално и мултилатерално ниво.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања