Средба на Муцунски со шефот на дипломатијата на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати остварил средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

– На средбата ги потврдивме добрите билатерални односи и конструктивната соработка меѓу двете земји, а разговаравме и за унапредување на политичкиот дијалог и економската соработка. Во оваа насока, во име на Владата, потпишав два меморандуми – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи, објави министерот Муцунски на неговиот фејсбук профил.

На средбата, како што напиша Муцунски, биле разменети мислења и за актуелните геополитички случувања во светот, а била нагласена важноста од интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците и стопанските комори на двете земји, со цел поголема економска поврзаност и реализација на нови инвестиции.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 20.000 патници заглавени во ОАЕ

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Муцунски: Да ја засилиме економската соработка со Словачка

Муцунски со поддршка за нападот на САД, со фалби за Трамп и Рубио

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

Муцунски: Очекуваме голема победа, поголема од таа на локалните избори во 2021 година

Горан Наумовски