Средба на министерот Тевдовски со претставници од ЕБРД

Од:

Министерот за финансии Драган Тевдовски со својот економски тим денеска оствари средба со претставници на Европската банка за обнова и развој предводени од Анка Јоана Јонеску, директор на ЕБРД надлежен за Македонија.

На средбата Јонеску изразила задоволство за соработка со министерот Тевдовски, посакувајќи му успех во работата, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Двете страни се согласиле дека со заеднички заложби треба да се поддржат реформите во инфраструктурата и енергетиката, а воедно да зајакне финансирањето и поддршката на малите и средни претпријатија.

Македонија соработува со ЕБРД 24 години, при што одобрени се 104 проекти во вкупен износ од 1,6 милијарди евра. Во моментов, како што се наведува во соопштението, со заем од ЕБРД се градат проекти во вкупна вредност од 727 милиони евра, од кои 79 проценти се пласирани во инфраструктурата, 14 проценти во енергетскиот сектор, 4 проценти во финансискиот сектор и 3 проценти во индустријата, трговијата и агробизнисот.

Би можело да ве интересира

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор

МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски