Средба на министерот Спасовски со унгарскиот амбасадор Иштван Дукс

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Ласло Иштван Дукс.

На средбата, како што соопшти МВР, била истакната добрата соработка меѓу Република Македонија и Република Унгарија, особено во справувањето со мигрантската криза.

Министерот Спасовски го потенцирал значењето на присуството на полициски службеници од Унгарија на нашата јужна граница, кои заедно со колегите од уште неколку земји од Европската унија и помагаат на македонската полиција во справувањето со проблемот со мигрантите.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена