Средба на министерот Спасовски со претставникот на ОН Микулеску

Од:

Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски денеска во Скопје се сретна со шефот на Канцеларијата на Обединетите нации во Белград (UNOB) и специјален претставник на Генералниот секретар на на ОН,  Симона-Мирела Микулеску.

На состанокот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, биле разменети информации согласно мандатот на Микулеску во однос на политичкиот развој на настаните во земјата, односно регионот и околу намерите и можностите на Република Македонија односно МВР за идното можно зголемување на придонесот во мировните операции на ОН.

Притоа, се наведува во соопштението, позитивно е оценет придонесот на РМ во рамките на ОН, а во контекст на зачувување на мирот во светот од страна на министерот Спасовски била потенцирана нашата јасна определба за насочување на сите расположливи капацитети согласно нашите можности, за идно можно учество во мировните операции на ОН.

– Двајцата соговорници ја искористија можноста да ги разменат своите ставови во однос на актуелниот предизвик олицетворен во тн. бегалска криза и околу начините за нејзино решавање, како и за одржување на политичката стабилност и доследно, суштинско почитување на Договорот од Пржино со цел враќање на довербата на граѓаните кон институциите, наведува МВР во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена