Средба на министерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Ромео

Од:

Во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со амбасадорот на Италијанската Република Карло Ромео.

Како што соопштија од МВР, министерот Спасовски и амбасадорот Ромео на средбата ја потенцирале одличната соработка не само помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, туку и генерално преку доглгогодишното партнерство меѓу Република Северна Македонија и Италија.

– Особено беше истакнат фактот дека во сферата на безбедноста таа заедничка соработка во изминативе неколку години беше уште повеќе интензивирана, како преку заеднички акции за сузбивање на криминал, така и преку овозможување на обуки и експертиза од италијанска страна за потребите на вработените во МВР на РСМ, придонесувајќи во континуираното унапредување на капацитетите на институцијата во целина, стои во соопштението од МВР.

Министерот Спасовски му се заблагодарил на амбасадорот Ромео за безрезервната поддршка од страна на Италија за нашиот пат кон ЕУ и НАТО, што е уште еден доказ за стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Кристијан Ландов

Назначени тројца амбасадори, меѓу нив и Фрчковски во Обединети нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Конзул преземен од детска градинка, амбасадор од фабрика за чоколади, Османи со анализа на упатените лица од 2006 година наваму

Маја Илиевска-Пачемска

Вашингтон очекува разјаснување од Анкара за протерувањето дипломати

Турција протерува 10 амбасадори: На удар и САД, Франција и Германија

Катерина Ѓуровски