Средба на министерот Спасовски со холандскиот амбасадор Пломп

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа состанок со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Пломп.

На средбата, соопшти денеска МВР, стана збор за тековната ситуација околу политичката криза во Република Македонија и за справувањето со мигрантската криза, при што министерот Спасовски го информираше амбасадорот на Холандија дека сега состојбата на границата со Грција е стабилна. 

Амбасадорот Пломп  ја истакнал поддршката што Кралството Холандија ѝ ја дава на Република Македонија.

– Амбасадорот Пломп упати честитки до полицијата на Република Македонија за начинот на кој реагираше при справување со настаните во општина Бутел и протестот и контра- протестот пред Уставниот суд, како и за начинот на справување со мигрантската криза, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани