Средба на министерот Спасовски со евроамбасадорот Жбогар

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со шефот на делегацијата на Европската унија во Скопје Самуел Жбогар.

На средбата, како што соопшти МВР, било разговарано за состојбите во Министерството за внатрешни работи, претстојните избори и проблемот со мигрантите.

Министерот Спасовски, како што информираат, изразил благодарност за соработката со Европската унија и ја потенцирал определбата МВР да стане сервис на граѓаните односно да се департизира, декриминализира и професионализира.

Шефот на делегацијата на ЕУ Жбогар, рече дека се согласува оти овие три процеси се многу важни и дека Европската унија е заинтересирана да помогне во нивното спроведување. Тој го истакна и очекувањето изборите на 11 декември да бидат кредибилни, што ќе биде прв чекор кон стабилизирање на состојбите во државата.

Жбогар истакна дека очекува сите институции во државата, вклучително и MВР, по изборите да се вратат на реформскиот пат, што ќе биде од исклучително значење за продолжување на процесот на евроатлантските интеграции, се наведува во соопштението на МВР.

Шефот на делегацијата на ЕУ најави и конкретна помош за Министерството за внатрешни работи во справувањето со проблемот со мигрантите преку доделување на 31 теренско возило опремено за надзор на границата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка