Средба на министерот Спасовски со албанскиот амбасадор Река

Од:

Соработката меѓу македонската и албанската полиција е евидентна на повеќе нивоа, меѓутоа секогаш има простор за нејзино натамошно продлабочување и унапредување, констатирале на денешната средба во МВР министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Република Албанија во нашата земја, Фатос Река.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски се осврна на генералните релации помеѓу двете земји, оценувајќи дека тие се постојано во духот на добрососедството и евратлантските интеграции. Тој, се додава, изрази задоволство од ефикасноста на низата билатерални договори потпишани меѓу македонското и албанското МВР.

– Исто така, министерот Спасовски истакна дека МВР е подготвена и отворена за соработка кон сите соседни држави меѓу кои и Република Албанија и во областа на внатрешната безбедност односно борбата против сите видови на криминал особено организираниот криминал со наркотици, трговија со луѓе, оружје и тероризмот кои претставуваат голема закана како за државите од регионот така и во глобални рамки, се вели во соопштението.

Амбасадорот Река, се наведува, истакнал дека соработката што ја имаат двете Министерства е на високо ниво, и оти МВР на Албанија е отворено за нејзино продлабочување и понатамошно зајакнување, особено во изработка  на зеднички проекти за кои постои и политичка и оперативна волја од двете страни. – Покрај ова тој високо го оцени и справувањето на Република Македонија со бегалската криза, укажувајќи дека се свесни за опасноста од поголеми импликации што истата во иднина може да ја има врз неговата земја и во тој правец истакна дека е добредојдена  секаква помош базирана на искустватата на Република Македонија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас