Средба на министерот Спасов со шефицата на ОБСЕ во РМ Суомалаинен

Од:

На 26.11.2015 година, во Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија, се одржа состанок помеѓу шефицата на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Амбасадорката Нина Суомалаинен и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, придружувани од неколку свои соработници.

Шефицата на мисијата на ОБСЕ, Амбасадорката Нина Суомалаинен изрази особено интересирање и побара став во однос на следниве прашања: мигрантската, односно бегалска криза, борбата против тероризмот, регистрацијата на избирачите во избирачкиот список и негово прочистување со цел обезбедување на фер и демократски избори и соработката со Специјалното јавно обвинителство.

Министерот Спасовски ја запозна амбасадорката Суомалаинен со четирите приоритети за претстојниот период, и тоа: учеството во борбата против тероризмот , справувањето со бегалската криза, ефикасната подготовка и реализација на изборниот процес и соработка со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Спасовски изрази осуда за неодамнешните настани во Париз, при што потенцираше дека борбата против тероризмот бара поширок коалициски пристап. Во оваа насока тој информираше за мерките кои МВР ги презема во интерес на зајакнување на безбедноста во Р.Македонија. Спасовски нагласи дека Р.Македонија и понатаму останува да биде силен сојузник во борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена