Средба на министерот Нухиу со НВО за човекови права

Од:

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска имаше средба со претставници на неколку невладини организации од областа на човековите права.

На средбата, соопшти МВР, е разговарано како Министерството за внатрешни работи, како една од најзначајните институции во државата која има секојдневни контакти со граѓаните, може да придонесе за подобрување и унапредување на нивните права.

Соговорниците на средбата, според соопштението, потенцирале дека улогата на полицијата во развојот и почитувањето на човековите права е особено значајна во вакви турбулентни периоди.

На средбата се разговарало и за начините на кои може да се подобри функционирањето на службите во Министерството кои работат на издавање на личните документи.

– Според претставниците на граѓанските здруженија и министерот Нухиу, зголемувањето на ефикасноста и флексибилноста на овие служби, исто така, ќе даде значаен придонес во зголемувањето на довербата на граѓаните кон полицијата, се вели во соопштението и се додава дека министерот Нухиу потенцирал дека граѓанскиот сектор и институциите на државата треба да бидат партнери и на тој начин ќе придонедат за подобрување на состојбата со човековите права.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места