Средба на министерот Нухиу со кандидатите кои треба да почнат со обука за полициски службеници

Од:

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, денеска, на нивно барање се сретна со претставници на кандидатите за полициски службеници кои треба да почнат со обука во Центарот за обука на МВР, кои беа примени на конкурсот објавен на 15 јули 2016 година, но, како што е наведено во соопштението од МВР, не почнаа со обука затоа што не е целосно завршена селекцијата.

Министерот Нухиу им соопштил на кандидатите за полициски службеници дека се работи на заокружување на изборот на кандидати по објавениот оглас и дека наскоро ќе почне и нивната обука.

– МВР има потреба од ваков кадар и затоа работиме на тоа обуката да почне што е можно побрзо. Упативме барање до Државната комисија за спречување на корупција да ни одговори дали во овој период до формирање на Владата може да продолжиме со постапката и добивме одговор дека имаме право да го финализираме конкурсот, истакнал Нухиу.

Како што појаснуваат од МВР на конкурсот објавен на 15 јули 2016 година има три групи на кандидати. Првата ја сочинуваат 432 кандидати за кои е изготвено решение за избор и со тие кандидати е склучен договор за основна обука за полицаец-приправник. Втората група ја сочинуваат 150 кандидати за полицајци-приправници за кои е направен избор, изготвени се договори за основна обука, меѓутоа не е донесено решение за избор. Третата група ја сочинуваат 78 кандидати за кои не е завршена постапката за избор (што подразбира лекарски и безбедносни проверки) и решение за избор.

– Јас како министер испратив барање до претседателот на Комисијата за спроведување на процесот на селекција да ја заврши постапката и тој процес очекувам во скоро време да биде завршен. Обуката ќе почне веднаш штом ќе се завршат сите потребни процедури. Нема да дозволам во постапката да има било какви правни недоследности и на било кој начин да им се нанесе штета на кандидатите за полициски службеници кои во иднина треба да бидат основната сила на МВР, нагласил министерот Нухиу.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници