Средба на министерот Фазлиу со полскиот амбасадор: Полска ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу оствари средба со амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.

На средбата, министерот Фазлиу го информираше амбасадорот за приоритетите на Владата во областа на локалната самоуправа и рамномерниот регионален развој. Фазлиу истакна дека Полска како држава, во градењето на демократијата учела од минатото, а искуството во воспоставувањето на развиен модел на локална самоуправа може да биде корисно и за Република Македонија.

Амбасадорот Мултановски изрази поддршка на политиката на актуелната Влада и ја истакна соработката меѓу ресорите во Владата. Амбасадорот Мултановски рече дека Полска ја поддржува Република Македонија на патот на интегрирање во Европската Унија и во НАТО. Во тој контекст тој изрази подготвеност и за директна соработка меѓу надлежните министерства во областа на локалната самоуправа и регионалниот развој.

Би можело да ве интересира

Масовен хакерски напад врз Полска, државата беше на чекор кон целосно затемнување

Горан Наумовски

Полска алармира: Слабата и разделена Европа го губи кредибилитетот

(ВИДЕО) Снежна бура во Полска, луѓе се заробени во автомобили на автопат

Горан Наумовски

Полскиот претседател го обвини Зеленски: Не ја цените доволно нашата помош за Украина

А1он

Стотина мигранти преку таен тунел од Белорусија влегувале во ЕУ

Полскиот претседател бара протерување на Украинците