Средба на министерот Џафери со претставници на Независниот синдикат на професионалните војници

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со претставници на Независниот синдикат на професионалните војници, предводени од претседателот на независниот синдикат, Веле Крбалевски.

На средбата е разговарано за прашањата кои ги засегаат професионалните војници, соопшти денеска МО, при што од страна на Крбалевски беше укажано дека се забележуваат поместувања во позитивна насока и напредок по однос на одредени прашања, но оти се уште треба да се работи на унапредување на забелешките во однос на статусот на професионалните војници.

Во тој контекст, министерот Џафери нагласил дека МО работи и ќе продолжи да работи согласно уставните и законските прописи, односно дека се зема предвид сето она што е пропишано во соодветните закони.

Средбата на министерот Џафери и претставниците од МО и од АРМ со претставниците на Независниот синдикат на професионалните војници, стои во соопштението, претставува несомнен доказ дека Министерството е отворено да разговара со сите оние чија цел е унапредување на условите за живот и работа на припадниците на АРМ.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски