Средба на министерот Џафери со генералот Креј

Од:

Заедничкото учество на АРМ и Националната гарда на Вермонт во мировни мисии, меѓусебната соработка на полето на обуките и образованието, унапредувањето на соработката помеѓу подофицерскиот кор, како и можностите за трилатерална соработка во областа на одбраната помеѓу Република Македонија, Вермонт и Сенегал, беа темите на кои денеска разговараа министерот за одбрана Талат Џафери и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј.

Министерот Џафери на средбата посочил дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се насочени кон континуиран развој на соработката со Националната гарда на Вермонт, имајќи го предвид исклучително позитивното искуство во соработката на двете армии во рамки на наменските сили „Феникс“ во ИСАФ, Авганистан.

Генералот Креј, во рамки на својата неколкудневна посета на АРМ, во текот на вчерашниот ден оствари средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, додека во текот на денешниот ден ќе биде примен и од Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Соработката помеѓу Република Македонија и Сојузната држава Вермонт (САД) започна по потпишување Меморандумот за разбирање во 1994 година. Припадниците на Националната гарда на Вермонт со своето искуство и знаење, во голема мера помогнаа во процесите на развој и обуки на припадниците на Армијата на Република Македонија. Имено, во периодот од 1995 година, па сè до денеска, реализирани се над 450 заеднички активности кои служеле како основа за унапредување на поголем број области како системот за логистика, управувањето на човечките ресурси, соработката со специјалните сили и слично. Воедно, АРМ и Националната гарда на Вермонт, досега имаат организирано неколку билатерални и мултилатерални воени вежби за подигнување на борбеното, тактичкото и техничкото ниво, како и нивото на заедничката соработка.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски