Средба на министерот Џафери со амбасадорот на Република Грција, Лалакос

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Харис Лалакос.

На средбата, соопшти денеска МО, Џафери и Лалакос размениле мислења за досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста и можностите за нејзино интензивирање, како основа за развој на добрососедски односи.

Министерот Џафери посочил дека Министерството за одбрана е отворено кон одржување и унапредување на одбранбената соработка со Република Грција. Тој нагласил дека отворените прашања помеѓу двете земји не треба да претставуваат пречка за реализацијата на средби и контакти помеѓу високи официјални лица од двете министерства и армии.

Основа за билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција претставува Договорот за воена соработка потпишан во 1999 година, додека реализацијата се врши врз основа на Планот за билатерална соработка кој се потпишува секоја година.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски