Средба на министерот Димитров со новиот генерален секретар на ОБСЕ Гремингер

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров утре ќе го прими новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, кој ќе престојува во прва посета на Македонија по преземањето на мандатот.

На средбата двајцата соговорници ќе разменат мислења за новата општествена клима во Република Македонија, а ќе дискутираат и за соработката на Владата на Република Македонија со ОБСЕ и поддршката што ја дава ОБСЕ во процесот на европската и евро-атлантска интеграција на нашата држава. Инаку, посетата на ГС Гремингер се совпаѓа со 25-та годишнина од воспоставувањето на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија