Средба на министерот Димитров со ГС на ОБСЕ Гремингер

Од:

Денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров оствари средба со генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер, кој престојува во прва посета на Македонија, по преземањето на оваа функција во јули 2017 година.

МНР Димитров се заблагодари за соработката и поддршката од Организацијата, како и за можноста да се обрати пред Постојаниот совет на ОБСЕ (12 октомври о.г.), кога подетално беше образложено спроведувањето на реформската агенда на Владата на Република Македонија, новата политичка клима во земјата и приоритети за идно дејствување. Воедно го информираше соговорникот за актуелните и идните активностите на Владата, со посебен акцент на Акцискиот план 3-6-9, кој влегува во втора фаза на имплементација. Притоа Министерот ги изложи приоритетните области во кои се насочени напорите за дејствување и подобрување на состојбите, и тоа: владеење на правото и судството, човековите права и слободата на медиумите, како и изборното законодавство, каде препораките и поддршката од ОБСЕ се добредојдени.

Од своја страна, Генералниот секретар Гремингер, изразувајќи задоволство од текот на посетата, издвои две пораки: упатување на пофалба за надминување на политичката криза, како и изразување на поддршка од ОБСЕ за реформската агенда на Владата. Притоа, нагласи дека иако ОБСЕ е организација која генерално има мандат за менаџирање на предизвици, во актуелниот македонски контекст е подготвена да разгледува начини за искористување на поволни прилики и зграпчување на позитивниот момент за демократскиот развој на државата. Акцентирајќи го задоволството од изнесениот позитивен наратив, ветувачкиот реформски пат и визија за иднината, Генералниот секретар Гремингер изрази охрабрување.

Во понатамошниот тек на разговорите соговорниците се осврнаа на конкретните области и начините со кои ОБСЕ може да даде свој придонес и поддршка на демократските реформски процеси, како и на идната соработка и активности во рамките на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски