Средба на министерот Ахмедовски со претставници на ромскиот граѓански сектор

Од:

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, денеска оствари средба со претставници на ромскиот граѓански сектор.

Како што соопшти Кабинетот на министерот, тој на средбата информирал дека се собрани околу 20 проекти кои се однесуваат на подобрување на условите во комуналната и патната инфраструктура во населбите каде е застапено ромското население. Распределени се 20 милиони денари во девет општини со кои значително ќе се подобри комуналната инфраструктура, како и безбедноста на живеалиштата на ромското население во овие општини.

– Исто така потенцираше дека е започнат процесот на ревидирање на националните акциски планови, кој произлезе како заклучок од првата средба со граѓанскиот сектор одржана во февруари годинава. Ахмедовски информираше дека во претстојниот период еден од главните фокуси ќе биде обезбедување трајно сместување на лицата кои се привремено згрижени во јавни објекти во општините Кочани и Штип. Во оваа насока Кабинетот ќе учествува во подготовка на проекти во кои ќе бидат предвидени елементи за целосна интеграција на овие лица и како и интеграција на локалното население, соопшти Кабинетот на Ахмедовски.

Министерот ги повикал граѓанските организации активно да учествуваат во подготовката и спроведувањето на политиките чија цел е да ја подобрат состојбата на оваа маргинализирана заедница и да бидат отворени за меѓусебна координација со цел да се максимизира ефектот од нивните проекти и активности и да се зголеми бенефитот за крајните корисници – самата ромска заедница.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски