Средба на ЛДП со Иво Вајгел и Кнут Флекенштајн

Од:

„Денеска, делегација на Либерално-демократската партија во состав од Филип Аврамчев и Јасмина Конеска, оствари средба со европратениците Иво Вајгел и Кнут Флекенштајн. За време на средбата, присутните се осврнаа на неколку теми, меѓу кои и договорот од Пржино, како и изборите на 11 декември, кои сите со нетрпение ги очекуваме како разрешница на кризата.

На европратениците им беа презентирани програмските приоритети на ЛДП, економијата, екологијата и човековите права. Сериозна заинтересираност од страна на европратеникот Вајгел имаше околу економската состојба во државата, но сепак главен акцент на средбата се стави на човековите права, како и на правата на маргинализираните заедници.

На средбата присуствуваше и претседателот на “Субверзивен фронт“, здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста.

Заеднички заклучок од средбата е дека на Македонија и’ е потребно негување на европските вредности, но и погласен пристап, како и законски измени за спречување на говорот на омраза и насилство од било кој вид – етничко, верско, родово, сексуално итн.

Како претставник на сестринската АЛДЕ партија, Иво Вајгел даде поддршка на ЛДП во промоција на европските вредности и на заложбите на партијата за што поскора евроатлантска интеграција на Македонија“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он