Средба на крводарителите од Кочани по повод Денот на крводарителството

Од:

Околу 100-тина крводарители од општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево денеска присуствуваа на заедничка средба по повод Светскиот ден на крводарителите 14 јуни, што го организираше Општинската организација на Црвен крст Кочани.

За 75 пати дарувана крв кочанската организација на Црвен крст признание му додели на Ацо Захариев, додека признанија и награди за 50 пати дарувана крв добија Васе Митев, Ане Каров и Сашко Костадинов. Темата на овогодишното мото под кое се одбележува денот е дарувај крв, дарувај сега, дарувај често.

И покрај отежнатите услови за организирање крводарителски акции во општините кои ги покрива Општинската организација на Црвен крст Кочани, планот за крводарување минатата година е исполнет со 95 проценти.

– Според планот годинава треба да се соберат 1.350 крвни единици. Досега имаме спроведено 7 крводарителски акции на кои собравме 410 крвни единици. Веруваме дека планот и годинава ќе биде успешно реализиран, рече Анета Коцева, секретар на ОО на Црвен крст Кочани.

Во месец јуни ОО на Црвен крст Кочани најавува да реализира две крводарителски акции една редовна последниот четврток од месецот и една во Полициската станица Кочани.

Би можело да ве интересира

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Во Битола одбележан македонскиот ден на крводарителите и Црвен Крст на Македонија

Ана Ололовска

Крводарителска акција во УЈП

Ана Ололовска

Во Велес собрани 112 крвни единици во крводарителска акција на МК „Носачи на крстот“

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод Денот на општина Илинден

Ана Ололовска