Средба на Груевски со претседателот на словенечкиот парламент Брглез

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес оствари средба со Милан Брглез, претседател на Државниот збор на Република Словенија. На средбата се разговарало за стратешките приоритети на Република Македонија како и актуелните случувања во земјава и регионот, соопштија од партијата.

Било посочено дека приоритет останува членството во Европската Унија и НАТО и на тој план е добредојдена поддршката од секоја држава членка на овие организации. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ била изразена благодарност за поддршката на Република Словенија која е добредојдена во остварување на македонските приоритети, а при тоа станало збор и за сериозноста со трендот на опаѓање на економската активност, забавување и падот на инвестициите, како и предизвикот со мигрантите кој е реалност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Како израелска приватна разузнавачка компанија се најде во центарот на словенечките избори

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он