Средба на Груби со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Од:

Состојбата во Македонија и во регионот, интегративниот процес во НАТО и ЕУ, прашањето за името, јазичната еднаквост и системските реформи, беа темите за кои денеска разговараа претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби и амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс.

На средбата во Собранието на Република Македонија, Дукс ја нагласи силната поддршка од унгарска страна за македонското интегрирање во НАТО и ЕУ.

Груби го информира амбасадорот дека Комисијата, со поддршка на сите 26 членови и заменици, едногласно ја усвои Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ.

– Оваа Декларација е обврска од Пржинскиот договор и целосната поддршка од страна на сите пратеници е големо постигнување и посветување кон реформите, рече Груби и нагласи дека овој процес ќе го води на транспарентен, сеопфатен начин, во партнерство со меѓународната заедница и цивилното општество.

Груби и амбасадорот Дукс разговараа и за јазичната еднаквост. Во овој контекст, Груби ги нагласи очекувањата дека законот за јазикот ќе се усвои што поскоро.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Надворешното претставување да биде во рацете на професионални дипломати

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија