Средба на градоначалникот Трајановски со бездомни лица

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска одржа состанок со бездомни лица заинтересирани и мотивирани да бидат работно ангажирани.

– На состанокот со лицата се разговараше за нивното претходно работно искуство и за можностите за нивно вработување и активно придонесување во општеството, соопштија денеска од Град Скопје.

Оттаму информираат дека до сега, во 2016 година со поддршка на Град Скопје, работно се ангажирани осум лица во јавните претпријатија, а таа практика Градот планира и во иднина да ја продолжи и да им помага на оваа категорија граѓани.

– Со континуирана грижа и вработување на нови лица значително се подобрува квалитетот на животот на овие граѓани во ризик, жители на Град Скопје, се додава во соопштението.

На состанокот активно учествуваше и претставник на Црвен крст на Град Скопје, координатор на активностите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој, исто така, секоја година е поддржан со 500.000 денари од буџетот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски