Средба на градоначалниците од Североисточниот регион со заменик министерот Павловски

Од:

Градоначалниците на општините Куманово, Липково, Ранковце и Крива Паланка денеска на средба со заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павловски ги претставија проблемите со кои се соочуваат.

Тие истакнаа дека не се исполнува предвидената законска обврска да се издвојува еден процент од БДП за распределбата на рамномерниот регионален развој.

– Оваа средба не е случајна, фактите говорат дека Североисточниот плански регион во изминатиот период е со најмалку капитални инвестиции во споредба со кој било друг регион во Република Македонија. Учеството во вкупниот БДП е исто така со најмал процент и генерално развиеноста на овој регион е на најниско ниво од сите други, истакна Павлоски.

Тој вети дека Владата ќе работи на намалување на разликите помеѓу урбаните и руралните средини. Нагласи дека горливо прашање е и како општините да ги исполнуваат своите обврски, а при тоа да немаат стабилен начин на финансирање, со оглед на тоа што најголем дел од расходи е преку блок дотации од министерствата чии критериуми се воспоставени од 2005 година.

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски посочи дека Владата мора да внимава на развојот на децентрализација, особено во зајакнување на фискалните капацитети.

– Добивме ветување дека Министерството има тендеција во наредните периоди да ги зголеми зафатите во однос на персоналниот данок со тоа ќе се зајакнат капацитетите и ќе може да се креираат развојни програми и да се задоволуваат потребите на граѓаните. Второ прашање е претстојните локални избори и блокада на можностите за пренамена на средства односно ребаланси на буџетите, нагласи Дамјановски, потенцирајќи дека санитарните депонии се исто така клучно прашање за кое треба да се најде решение.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска