А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Средба на генералниот директор на прилепскиот тутунски комбинат со градоначалникот на Прилеп

by А1он13/09/2013 - 15:40118
Share0

Генералниот директор на прилепскиот тутунски комбинат Александар Дерменџиев денеска имаше работна средба со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, на која информираше за состојбите во комбинатот, во кој има преку 1.000 вработени.

Добивај вести на вибер

Според Дерменчиев, состојбите се подобруваат во овој македонски загубар, особено со најавата за стратегиско партнерство со светски познатиот производител на цигари „Филип Морис“. Деновиве, нагласи, технолози, инженери и правници на „Филип Морис“ ги разгледуваа состојбите во комбинатот.

– Во оваа фаза потребно е да се изработи план и тоа финансиски, технолошки и правен. Да се види што е неопходно за понатаму и да се изготви еден мастер договор, изјави Дерменџиев.
Засега се чуваат во тајност аспектите на договорот, но се најавува дека тој треба да се ефектуира со почетокот на идната година.

– Со стратегиското партнерство со „Филип Морис“ се движиме кон крајно решавање на состојбите. Договорот ќе помогне до 2015 година комбинатот да дојде до позитивна нула. Инаку, годинава ќе ја завршиме со проектираните загуби, рече Дерменџиев.

Во меѓувреме, информира, се извезува на источниот пазар. Во Кина месечно се испорачуваат преку 200 тони лиценцни цигари. Инаку, се е подготвено за раниот откуп на тутун во кутии од први октомври, проект на Министерството за земјоделство, трета година по ред.

– Ние имаме пријавено 500 тони. Инаку, вкупно се 6.000 тони од сите откупувачи. Веќе започнавме со делење картонска амбалажа на кооперантите и не очекуваме никаков проблем, истакна тој.

Според Дерменџиев, комбинатот има пари да го исплати целиот планиран род од 3.000 тони тутун.

prilep

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Горан Наумовски22/10/2025 - 20:29

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Горан Наумовски18/10/2025 - 08:54

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:2215/10/2025 - 09:22

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Катерина Ѓуровски19/09/2025 - 15:07

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен